[Фото] Најубавите места во светот под заштита на УНЕСКО

Иако светот забрзано се урбанизира,  УНЕСКО се обидува да ги зачува недопрените делови на природата и културните споменици од минатото. СиЕнЕн веќе објави кои се најубавите места на планетата заштитени од оваа организација, а Радио Моф пренесува десет од нив. 

10. Мачу Пикчу, Перу.  Изградена е од Инките во 15 век, но успева да опстои и покрај разорните напади на шпанските освојувачи.

Најубавите места во светот под заштита на УНЕСКО

9. Национален парк Лос Гласиарес, Аргентина . Националниот парк сe наоѓа е заштитен од УНЕСКО како споменик на светското природно наследство и ова е едно од најдобрите места на планетата за следење на глечерската активност. Глечерите тука се на помала височина (1.500 метри) над морското ниво и затоа се лесно достапни. Во паркот има и две огромни езера. Едното е Лаго Аргентина, долго 160 километри.

9

8. Национален парк Игуасу, Бразил и Аргентина. Најголемата атракција овде се водопадите, формирани пред 120 милиони години. Во зависност од состојбата на водната маса во реката, бројот на водопадите се движи од 150 до 300, а нивната висина е меѓу 40 и 82 метри.

8

7. Хампи, Индија. Остатоците од древниот град денес се живеалишта за мајмуните. Местото е мешавина од градби кои се среќаваат во древниот Рим, античка Грција, Мачу Пикчи и Индија.

7

6. Големиот корален гребен, Австралија. Тоа е најголемиот корален систем во светот, составен од 3 500 корални гребен и 900 острови. Должината на гребенот е 2 500 км. Тука живеат 15 000 видови риби.

6

5. Национален парк Гореме, Турција. Оваа долината и целата околина се одликуваат со извонредни пејзажи кои се оформени низ процесите на ерозија. Објектот има повеќе светилишта врежани во карпите и уникатни споменици на византиската уметност.

5

4. Острови Галапагос, Еквадор. Островите Галапагос се архипелаг во Тихиот Океан, кој се наоѓа на 965 километри западно од Еквадор. Се состои од 13 основни вулкански острови, 6 помали островот и многу карпи. Се смета дека првиот остров овде настанал пред 5 – 10 милиони години како резултат на тектонски активности.

4

3. Баган, Мјанмар. Се наоѓа во сушните делови на земјата, на источниот брег на реката Иравади. Денес на местото на античкиот град се наоѓа археолошка зона со илјадници храмови и манастири.

Најубавите места во светот под заштита на УНЕСКО

2. Акропол, Грција. Датира уште од Микенската ера. Главниот храм е Партенонот, кој е една од најпрепознатливите згради во светот.

Најубавите места во светот под заштита на УНЕСКО

1. Анкгор, Камбоџа. За ова место се вели дека е најголем верски споменик во светот. Секоја година храмовите тука се посетуваат од 80 000 – 200 000 туристи.

Најубавите места во светот под заштита на УНЕСКО

Извор СиЕнЕн