Урбано и модерно Тетово, со решен јавен превоз, зелени паркови и чист воздух. Вака младите во Тетово ја замислуваат иднината на својот град. Отсега нивните желби се отсликани во нов мурал, во влезот на градот.
Него го изработија членови на неформалната активистичка група „Тивка револуција“ заедно со младите од Општина Тетово. Тие преку анкета ги прашаа своите врсници каква визија имаат за иднината на градот.
На муралот се претставени и пчели кои посочуваат дека желбите може да се постигнат само со плодна работа на локалната власт.
Муралот е изработен со поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија.