Битолската иницијативата „Поинаку“, која има свои советници во градскиот Совет, спроведе нова акција, овој пат украси со жолти цвеќиња премин во Битола.
„Загадена си, валкана си, напуштена си, ама за нас си една и заслужваш да бидиш украсена и најуба на твојот ден. Битола е се шо имаме! Честит празник битолчани!“, велат од иницијативата.
„Поинаку“ досега низ повеќе акции укажуваше за чистотата во градот, за отпадот, аерозагадувањето, за одржливоста и воопшто за квалитетот на живот во Битола.