Нов протест против екстерното оценување во средните училишта, на кој учествуваа неколку стотици ученици, се случи претпладнево во Тетово. За утре (24 мај) неофицијално е закажан голем протест во Скопје, на кој ќе учествуваат ученици од повеќе градови во земјава. Средношколците, кои велат дека самите се организираат, се жалат дека тестирањето им предизвикува стрес, како и дека не ја гледаат користа од него.
Фото: Бобан Костадиновски