[Фото] „О2 Коалиција за чист воздух“: Загадениот воздух нè засега сите

Коалицијата „О2 Коалиција за чист воздух“ викендот на Школка во Градскиот парк во Скопје организираше собир за самоорганизирање на граѓаните во борбата против загадениот воздух.

На собирот се зборуваше за граѓански активизам, за последиците од загадениот воздух, имаше и детско катче, а на крајот сите присутни спроведоа мини-акција за чистење на паркот.

„Загадениот воздух нè засега сите! Затоа ‘О2 Коалиција’ ве охрабрува да се приклучите кон иницијативата и заеднички да се избориме за да го добиеме тоа што ни е загарантирано со Устав, а тоа е здрава и чиста животна средина“, велат од Коалицијата.

Инаку, во саботата беше Ден на планетата Земја, а според Коалицијата во Македонија веќе одамна не се посветува речиси никакво внимание на животната средина.

„Најголем еколошки стресор/хазард во Скопје е аерозагадувањето. Тоа, иако има јасни сезонски варијации, дополнително се влошува во услови на климатски промени. При процена на оптовареност со заболувања предизвикани од високи концентрации на PM2,5, според пресметките на Институтот за јавно здравје, во услови на просечни годишни концентрации од 48,4 μg/m3 PM2,5 во 2012 година се изгубени 4.174 години живот кај граѓаните на Скопје (82/10,000 жители), како резултат на смртност од рак на белите дробови“, стои во Стратегијата Стратегијата за климатски промени на Град Скопје“, реализирана со помош на United Nations Development Programme – UNDP).

3

4

7

8  13 14 16