Студентски пленум на својата Фејсбук страница објави албум со фотографии насловен „Од минатото -за иднината!“. На фотографиите се прикажани неколку споменици поставени низ Скопје, а историските личности во рацете држат индекс. Во описот на албумот стои дека „дури и спомениците од Скопје 2014 се на страната на вистината“.
Оваа не е прва ваква акција на Пленумот. Во последната, неколку студенти поставија транспаренти со натписи „Стоп за лошите реформи“ и „Солидарност“ на зградите на техничките факултети на УКИМ.