На кејот на Охридското Езеро од денеска започнуваат да функционираат хуманитарни паркинзи, на кои граѓаните преку плаќање за паркинг ќе донираат во хуманитарни цели, соопшти денеска градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.
„Средствата кои ќе бидат собрани од наплатата на паркинг ќе се донираат онаму каде што тоа ќе биде најпотребно“, вели Пецаков.
За почеток, тој посочува дека се предвидени две паркинг места, а во иднина целта е проширување на повеќе локации низ градот. Пецаков додава дека Охрид е првата општина во Македонија која воведува вакви паркинг места.