„Скопје ги имаше најубавите и најдирљивите панкери“, се потсетува Анжелика Апсис, сопственичка на кафулето „Дамар“ во објава за Окно.
„Ако ти се откачи ланец од точак први притрчуваа да ти помогнат, ако некој те малтретира само ќе поминеа помеѓу и исчезнуваше соговорникот.
Не се наметнуваа, ја имаа својата Коцка и сите бевме ок со тоа. Не кршеа клупи, ги галеа кучињата, не зборуваа многу, беа толку дирљиви…
Жила планинареше, Панки (Владимир Груев) беше најубавиот, седеа по тротоари – нивните стоседи (што би рекол Јовица Ивановски).
Панки, Жила, Маја, Ружни, Петел, Сашка, Божо, Борис (Борис Петровски), Слаткар, Ели, Перса (Перса е машко) и многу други оставија белег на овој град.
Беа бунтовници но и другари.
Никој во Скопје не го сакаше насилството…“