Од неодамна на островот Сант Маргерит покрај брегот на Кан, во Франција, е отворен подводен еко-музеј.
На морското дно се поставени шест скулптури со форма на човечки лица кои се дизајнирани да го поттикнат враќањето на морскиот живот во областа.
Секое парче е изработено од ПХ неутрални материјали и има површина погодна за создавање домови, размножување и заштита за морските животни.
Растенијата од морската трева се познати како „белите дробови на океанот“ затоа што можат да создадат огромни количини кислород. Чамците се чуваат надвор од областа за да спречат нивните сидра да ги оштетат растенијата и да ги заштитат нуркачите.
За да го реализираат овој проект, биле потребни четири години. Местото некогаш било преполно со остатоци како што се стари мотори и цевководи, кои биле исчистени за да се направи простор за музејот.
Скулптурите се моделирани според припадниците на локалната заедница, вклучително и Морис, 80-годишен рибар и Анук, деветгодишен ученик во училиштето.
Тие се поделени на двеа дела. Страната што е свртена кон брегот е „моќна и величествена“, додека страната што е свртена кон океанот покажува „кревкост и распаѓање“.
За скулпторот Џејсон Тејлор, неговото дело е метафора за океанот.
„Од копно, ја гледаме површината, мирна и спокојна, или моќна и величествена“.
„Како и да е, под површината се наоѓа кревок, фино избалансиран екосистем – систем што постојано се деградира и загадува со текот на годините од човечката активност“, додава тој.
Извор: Euronews