[Фото] Порибување на Вардар со пастрмка

Во организација на Град Скопје, ГЕФ (Глобален фонд за заштита на животната средина и природата), Институтот за сточарство-Одделението за рибарство и Македонската риболовна федерација, денеска во водите на реката Вардар беа пуштени 5.000 парчиња македонска ендемична пастрмка (Salmo macedonikus- Karaman, 1924).

Целта на проектот е да се овозможи заштита на македонската пастрмка и вретенарот, а со тоа и зголемување на бројноста на популацијата во течението на реката Треска, вклучувајќи ги и акумулациите Матка, Св.Петка и Козјак.

Проектот, според најавите, треба да придонесе за заштита на македонската пастрмка, збогатување на туристичката атракција преку развој и промовирање на високо квалитетен рекреативен и спортски риболов, подигање на свеста кај јавноста, зајакнување на улогата на туризмот и учество на заедницата во туристичките активности.