Наставата во основното училиште „Тихомир Милошевски“ во Ѓорче Петров од вчера е прекината откако невремето оштети дел од објектот.
„Во училиштето оштетена е поголема кровна површина со која се предизвика поплава во просториите и прекин на електричната енергија“, соопшти градоначалникот Александар Наумоски на неговата Фејсбук страница.
Учениците ќе се вратат на училиште во понеделник (10 февруари), откако ќе се санираат штетите од невремето.