Урбаната култура на помладата популација на градот Тетово е на многу ниско ниво. Taa може да се спореди дури и со вандализам, што може да се заклучи од приложените фотографии направени во градот.
За жал, мета на уништување не се само спомениците, фасадите на станбените објекти, сообраќајните знаци, туку и објектите како градинките и училиштата.
Како последица на сето тоа се можни негативни влијанија врз идните генерации, а да не зборуваме за финансиските штети кои ги плаќаат самите граѓани, индиректно и оние што ги уништуваат.
Изработиле: Зорица Здравковиќ, Димитар Филиуца, Филип Здравковиќ и Aнгела Савевска, членови на Медиа/арт клубот на МОФ од Тетово.
Фотографиите се едитирани од Зоран Андонов