[Фото-приказна] Пат до Европа…со воз…

Ако мислите дека ова е некој стар и напуштен објект вие сте целосно во заблуда -ова е состојбата на железничката станица во Тетово.

Руинираниот тоалет кој шири ужасна смрдеа, старите напуштени шалтери, ишарените и испукани ѕидови, старите и искршени клупи, незаштитениот перон, старото и напуштено складиште, искршената чешма се сведоци на ужасните услови на железничката станица во Тетово.

Со оваа слика секојдневно се среќаваат стотици патници кои  патуваат со воз и ги “уживаат” условите на железницата.

Доколку мислиме дека со вакви услови би ни се отворил патот кон Европа,  ние сме во колективна заблуда заедно со властите и луѓето кои се грижат за условите на оваа железничка станица. Ова НЕ СЕ УСЛОВИ за една модерна ЕВРОПСКА железничка станица!

7

 

Дарко Темелков – член на Медиа/арт клубот на МОФ од Тетово