Со извици „Правда за животните, затвор за трујачите“, стотина граѓани денеска маршираа низ Велес во протест против труењето животни.
Протестот го организираше здружението „Гласот на животните“ револтирани од расфрлањето на смртоносни и нелегални отрови по градската површина, како и од незаинтересираноста на институциите да преземат нешто по тоа прашање.
„Безброј пати сме сведочеле на труење. Живееме во држава каде најопасните отрови како “Ланате”може да ги купи било кој и покрај тоа што се нелегални. Безброј пати сме гледале како животно умира во најтешка агонија поради отров. Време е сето ова да запре и надлежните да реагираат“, велат организаторите на протестниот марш.