Дел од познатиот српски алтернативен рок бенд С.А.Р.С. денеска изрази поддршка за Средношколскиот пленум и активизмот на средношколците во земјава.
„Ratujemo ti i ja, kao plenum i Vlada“, стои на листот за поддршка од членовите на бендот.
Претходно средношколците добија поддршка и од бројни македонски јавни личности меѓу кои Мирко Попов, Огнен Јанески, Марин Бабиќ, Тајзи, Бени Шакири… Средношколците беа поддржани и од сите пленуми – Наставнички, Професорски, Студентски и Новинарски.