Здружението „Оризова братимка“ изврши пребројување на штрковите гнезда во Чешиново. Вкупно изброиле 21 гнездо, кои се наоѓаат на кровови на куќи, Задружениот дом и бандери. Меѓу нив е и најголемото штрково гнездо во државата.
Изминативе денови тие на својата Фејсбук страница објавуваат слики од по едно штрково гнездо во Чешиново, со штрковите во него, сликано со дрон.