[Фото] Сина месечина низ објективот на Радио МОФ

Сината месечина или Blue Moon епитетот го добива по нејзината реткост, односно бидејќи е втора полна месечина во еден месец. Ваква Сина месечина светот можеше да забележи ноќта меѓу 30 и 31 август.


Според НАСА Сина месечина се појавува еднаш на секои две до три години.

Инаку постојат две дефиниции за објаснување на поимот Blue Moon. Првата е дека Blue Moon или Сина месечина е секоја трета полна месечина во една сезона. На пример, според @spacedotcom во лето 2024 Сината месечина ќе се појави на 19 август, односно трета полна во сезоната од јуни до септември.

Втората дефиниција за Blue Moon настанала поради недоразбирање и според неа денес се смета дека Сина месечина е втората полна што се појавува во еден ист месец.

Оттука, има два вида Сина месечина, сезонска што е третата полна во сезона од четири полни месечини и месечна или втората полна месечина во еден месец како што имаше пред неколку дена.

Фото: Петар Мукоски