[Фото] Скоро 40 подводни ентузијасти го чистеа Охридското езеро од отпад

Поради обврската да се зачува Охридското езеро како Светско културно наследство и најзначајно природно езеро во Македонија, струшките нуркачки клубови „Норкач“ и „Скаут“ органзирааa подводно чистење на брегот на езерото, кое се одвиваше кај Радожда.

На еко-акцијата „Радожда 2023“ се собраа и приклучија приближно 40 подводни ентузијасти од Струга, Охрид, Тетово, Скопје, Кавадарци, Белград, Битола и Штип.

„За жал, извадивме многу ѓубре, но остана уште многу повеќе и нашата заложба е оваа акција да ја спроведуваме и во следните години бидејќи Охридското езеро е одговорност на секој од нас!“, соопштија организаторите.

 

Фото: Норкач / Фејсбук