Со мотото „Смрт на фашизмот, слобода за слободата” вчеравечер (6 август) продолжија протестите против уништувањето на зеленилото во центарот на Скопје. Група граѓани, екологисти и невладини организации повикаа да престане сечењето на дрвјата во Центар.
Влатко Ристески од „Одраз“ во своето обраќање рече дека во програмата на „Паркови и зеленило не е предвидено сечење на дрвја и дека треба да уништат зеленило. Паркови и зеленило на град Скопје заедно со Коце Трајановски, го опустошија овде овој парк и се закануваат и полициските службеници и ни кажаа дека Уставот треба да си го носиме во задниот џеб, и дека не го почитуваме Уставот на Република Македонија
-Она што го живееме сега во Македонија е најниското ниво на фашизам, на диктатура од било која држава. „Паркови и зеленило“ и Коце Трајановски го опустошија овој парк“, рече Ристески.
На местото на неколкуте стебла пред хотелот „Бристол“, кои беа исечени со полициско обезбедување пред неколку дена, треба да никне нова зграда на Советот за радиодифузија, во барокен стил. Општина Центар за денеска најави дека на местото, каде во меѓувреме беа засадени нови дрвца, ќе одржи седница на отворено.
Љупка Спасовска и Наталија Јосифовска