[Фото] Снимки од вселената направени од најголемиот воздушен телескоп на НАСА

Најголемиот воздушен телескоп во светот, „Софија“ од НАСА вчера го започна својот последен лет, што означува крај на една ера, информираат од НАСА.

Воздушната опсерваторија започна со своите мисии во 2010 година и оттогаш има завршено 321 летови собирајќи вредни податоци од космосот.

„Софија“ е сместена во модифициран авион Боинг 747 и при набљудувањето користи инфрацрвена светлина со цел да ѕирне длабоко во вселената од позиција високо во стратосферата на Земјата.

Досега има поминато 41.000 стапки или 12.500 метри во вселената во темнината на мракот и утрата, и при тие мисии направи плејада на небесни објекти.

Иако со оваа последна мисија завршуваат деновите на летање, сè уште има многу работа. Астрономите имаат долгогодишна работа да ги процесираат и проучуваат направените снимки, во кои, како што навестуваат од НАСА се кријат потенцијални нови научни откритија.

 

Маглина во форма на потковица. Во близина на центарот има жешки ѕвезди, меѓу кои има и друг сино-портокалов космички материјал / Фото: НАСА

„Cigar“ галаксија – црвените линии одливите предизвикани од интензивен нуклеарен излив на ѕвезди / Фото: НАСА