Викендов се одржа голема еко-акција за чистење на Охридското Езеро во која учествуваа волонтери и членови на нуркачкиот клуб Амфора. Акцијата беше организирана од Пивара Скопје – Скопско во рамки на нивната долгорочна платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.“
„Со гордост објавуваме дека преку оваа акција успеавме да исчистиме неверојатни 120 метри кубни отпад – цврст и пакувачки отпад, метални конструкции и автомобилски гуми на 6 различни локации, а во акцијатa беа вклучени вкупно 170 нуркачи и волонтери. Нашата долгорочна цел е да ја подигнеме свеста за важноста на зачувување на нашата природна средина. Ова е само дел од нашите постојани напори да ги заштитиме и сочуваме природните богатства, симболите на нашата гордост и културно наследство“, велат од Скопско.
Оваа година, како дел од акцијата се вклучија 70 нуркачи од кои 20 беа нуркачи од регионот.
„Во текот на акцијата нуркачите од нашиот клуб успеаја да извадат голема количина отпад од подводниот дел на езерото, Благодарност до „Скопско“ и сите волонтери кои ја поддржаа и учествуваа во оваа акција. Сите заедно, со мали но значајни чекори, можеме да го зачуваме нашето природно наследство и да обезбедиме чиста и здрава животна средина за идните генерации,“ изјави Јован Секулоски од нуркачкиот клуб Амфора.
Фото: Пивара Скопје – Скопско