Со транспаренти „Je suis Орце Николов“, повеќе од сто ученици во скопската гимназија „Орце Николов“ се собраа пред училиштето во знак на поддршка за своите професори кои веќе две недели штрајкуваат.
Пред учениците се обрати професорот Душан Стојановски, кој рече професорите дека се против лошото спроведување на екстерното тестирање и дека им е чест што нивните ученици ги поддржуваат.
Минатата недела, Радио МОФ посети неколку скопски гимназии со цел да се види во кои средни училишта се штрајкува, меѓу кои и „Орце Николов“.
Во оваа гимназија, голем дел од професорите продолжуваат со штрајкот. Тие преку отворено писмо до јавноста испратија апел за подигнување на свеста на наставниците дека имаат лична и морална одговорност да изразат солидарност и почитување на работничките права.
Отворено писмо испратија и ученици од гимназијата во кое ги поддржаа своите професори кои штрајкуваат и ги повикаа останатите да се солидаризираат со нивните колеги.
Фотографии: Ена Утевска