„Вчера имавме уште еден прекрасен ден на „Маалски бувљак“, велат од Јуроп хаус, кои по успехот од првиот настан и соработката со „Комбо“ – здружение за креативна одржливост, се вратија во населба Железара по втор пат.
„Посетителите повторно покажаа интерес за одржливо купување, откривајќи внимателно одбрани предмети од втора рака и стилски парчиња облека. Живописната атмосфера и прекрасната енергија го направија овој настан посебен, докажувајќи дека во локалните заедници се кријат несекојдневни искуства“, посочуваат од Јуроп хаус.
Фото: Јуроп хаус