Иако повеќе наликува на „куќа на стравот“, ова всушност е градинката во тетовското село Јегуновце, која се наоѓа во зграда од почетокот на 20 век, чија последна делумна реконструкција се случила пред 13 години. И одвнатре и однадвор, градинката, во која одат десетици деца од ова и околните села, е дотраена и руинирана.
„Навистина жално за нашите деца, учат во услови кои не доликуваат за 21 век, навистина срамота. А кога побаравме реконструкција на оваа градинка, бевме одбиени“, велат родителите.
Оваа „хорор“ дестинација, предизборно за само неколку дена ја посетија повеќе политичари – кандидати за градоначалници и министри. Владата пред само десетина дена најави изградба на нови градинки во селата низ Македонија, но нема најава за реконструкција на постоечките кои се во лоша состојба, како оваа во Јегуновце.
Марко Видачек, медиа/арт клуб Тетово