[Фото]: Студентите ги кажаа своите проблеми на #Суперстудент

На платото пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во импровизираното студио како дел од настанот „Супер студент“, студентите денеска имаа можност да разговараат за голготите со кои секојдневно се соочуваат и за скриените патчиња на факултетските лавиринти.

[Фото]: Студентите ги кажаа своите проблеми на #Суперстудент

На настанот во организација на Младинскиот образовен форум, беше поставено и стрип пано пред кое студентите можеа да се фотографираат како студентски лидер и да испишат порака, што би направиле ако се дел од студентската организација која е претставник на сите студенти.

[Фото]: Студентите ги кажаа своите проблеми на #Суперстудент

„Идејата на настанот е студентите да кажат што тие би направиле кога би биле студентски лидери. Иако голем дел од студентите се уплашени да говорат пред камера, имавме квалитетни изјави од оние кои беа решени да се вклучат во кампањата и да проговорат за правата на студентите“, рече Петар Антевски, активист во МОФ.

DSC_0869

На сите оние кои понудија интересни креативни решенија за подобро обазованиеќе, им беа поделени торбички и маички со креативни натписи. „Супер студент“ продолжува и утре на платото кај Машински факултет од 11 часот.