Синоќешниот „Црн петок“, настан кога беа најавени бројни попусти во затворениот трговски центар во Карпош 4, Сити мол, ги претвори во паркинзи сите слободни површини во населбата. Жителите, револтирани од однесувањето на возачите кои ги окупираа и парковите и тротоарите поради недоволниот капацитет на паркингот во трговскиот центар, почнаа да споделуваат слики на социјалните мрежи и да бараат рекција од полицијата и од пајак службите. Жители од Карпош 4 за Радио МОФ велат дека за време на најавенте распродажби во Сити мол, но дури и во обични работни денови, честопати не можат да си влезат дома, од возилата паркирани во нивниот двор.
Погледнете дел од фотографите направени синоќа од жители на Карпош: