[Фото] Тротоари претворени во паркинг простор во Мичурин

Граѓани до Радио МОФ пратија фотографии од населбата Мичурин, општина Аеродром, каде се гледаат полно коли паркирани по тротоарите, а има и такви што се оставени на коловозот.

Се работи за делот на улицата „Симеон Кавракиров“ во близина на Железничка станица, каде пешаците, луѓето во инвалидски колички и родителите со детски колички треба да развиваат летечки способности, или цело време да одат цик-цак меѓу улица и тротоар, бидејќи јавниот простор главно е узурпиран.