Кои се најупотребуваните зборови во кампањата која ја разбранува македонската јавност, кои се постовите кои наидоа на најголем интерес и добија „екстра“ ретвитови? Стефан Алексиќ за Радио МОФ анализираше 1058 твитови кои до вчера попладне беа објавени на социјалната мрежа под хаштагот #СегаКажувам, откако беше лансирана кампањата пред една седмица.
Во најчесто употребуван зборови покрај очекуваните во кампања каде се споделуваат лични приказни за сексуална злоупотреба или принуда од позиција на моќ, свое место си најдоа и двојазичноста, ракометот, Заев, СДС…
*За детален приказ отворете ја насловната фотографија.
Во продолжение ги објавуваме и петте најсподелуваните твитови под овој хаштаг.
#СегаКажувам pic.twitter.com/pWmeaFcQKt
— Џудит (@Kroffni4ka) January 16, 2018
#СегаКажувам
Ќутевте и лажевте дека нема #ТиранскаПлатформа, #СегаКажувам дека Бугарите се фашисти, #СегаКажувам и дека #Таљат и цела влада се нелегитимни, #СегаКажувам дека СИЛУВАТЕ ЕДНА МАЈКА.#СегаКажувам ја СИЛУВАТЕ МАЈКА #Македонија – брутално и пред наши очи.— Пази ЛЕЏА (@LOshGZE) January 16, 2018
#СегаКажувам дека 30% девојките се малтретирани у врска. Сами… повторувам САМИ констатираат и се лажат себе дека као овие кретениве со кои идат тоа го прават од љубов…. и после се надаље се радикализира… совет. ПРЕКИНЕТЕ ГИ ДЕБИЛНИТЕ ВРСКИ У КОИ СТЕ САМО ЗА ДА НЕ СТЕ САМИ !
— Бапчо (@TheFitzzz) January 16, 2018
#СегаКажувам (и не само сеа) #Рашковски цела кариера на #Правен ја помина малтретирајќи студентки за да ги легне. На крај се ожени со една која магистриташе само што се запиша!#СтопЗаСексуалнотоНасилствоВрзЖените #ЈавенЛинчНаЛуѓетоКакоРашко
— Премиерката 👑 (@BellaReginaB) January 17, 2018
Бедни сте со спрдачењето на #СегаКажувам. Да се запраша човек дали некогаш сте почувствувале мајчинска љубов. И да, токму таа ваша мајка сигурно има што да каже за тоа. Прашајте ја пред да се глупирате како јебани имбецили и да исмевате нечии трауми.
— Дуле СавичⓇ (@Shushmula) January 17, 2018