Уметникот Озбек Ајваз утрово на повеќе локации околу мостот „Гоце Делчев“ и Градскиот парк во Скопје постави знаци со натписи кои се однесуваат на недостатокот на јавни тоалети, што според него е горлив проблем со кој се соочуваат граѓаните.
„За жал, јавните тоалети веќе со децении не се функционални и се без основни санитарни услови за користење. Со оваа акција уметникот Озбек Ајваз сака да го потенцира и актуелизира барањето и потребата на граѓаните на Скопје за решавање на овој проблем за која градот се чини не нуди никакво решение“ се вели во дописот.
Акцијата е реализирана во рамки на проектот „Артс Хаб“ , имплементиран од КСП Центар Јадро и финансиски поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија.
Фото: Озбек Ајваз