Пет домашни уметници изработија мурали на бетонските површини на пречистителната станица за отпадни води во Струмица.
Секој од муралите раскажува некаква приказна за важноста на животната средина и значењето на водата како природен ресурс.
Нивни автори се уметниците Ване Костуранов, Драган-Драш Китановски, Марјан Димиќ, Филип Конески и Блаже Атанасков.
На официјалното претставување на муралите учествуваа и ученици од основни училишта од Струмица, кои изложија свои цртежи што ги создадоа по повод Светскиот ден на водата 20 март.
Kултурно-уметничкиот проект насловен „Уметност и вода-магија на животот“ го спроведува „Здружение за третман на води на Северна Македонија”, а финансиран од Европската Унија.
* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.