Италијанскиот уметник Франческо Вуло ги критикува популарните трендови со неговите дигитални композиции. За него фасцинирачки е тоа што ги прикажува моделите на модерното општество во поразлично светло.
Уметникот користи дигитална манипулација и техника на цртање за да ги направи неговите чудни, но во исто време, неверојатни дела.
„Мојата главна цел“, вели 22-годишниот уметник од Милано, „е да ја изразам мојата визија за светот и актуелните случувања, преку мојата работа, обидувајќи се секогаш да бидам современ и да предизвикам реакција.
Во продолжение, погледнете некои од неговите дела: