Минатиот месец, тимот на виетнамското архитектонско студио Во Тронг Нгиа соопшти дека се подготвува уште една впечатлива градба во најголемиот град во оваа земја, Хо Ши Мин – приватниот универзитет ФТП ќе добие зграда и простор целосно обвиен во дрвја и зеленило.
Проектот ќе зафати 36 квадратни километри и ќе претставува своевидна „градска шума“ во осуммилионската метропола, позната по изобилството на бетонски и градби од цигла.
Плановите предвидуваат секое ќоше од главната зграда и од нејзиниот двор да биде засадено со дрвја, со што ќе се добие структура комплетно „завиткана“ во зеленило. Архитектите веруваат дека дрвјата ќе обезбедат сенка и ќе го подобрат квалитетот на воздухот во кампусот, што ќе му овозможи на универзитетот да ги намали трошоците за разладување.
Градбите во кои доминира зеленилот се заштитен знак на архитектите од Во Тронг Нгиа, а другите нивни проекти вклучуваат хотел прекриен во ползечки растенија и градинка со градина за одлегување зеленчук на покривот.