Падна снег и одма подруго. Се чини оти цело Скопје се крена на нозе, гледајќи да му ја „извади маста“ на снегот пред неминовно да се стопи. Снешковци во секакви форми никнаа на секое ќоше додека топки од снег летаа низ воздух. На бројни деца и кучиња, се чинеше, ова им е првиот снег.
Снегот му даде една свежа фасада на главниот град, колку-толку го расчисти загадениот воздух и го сплоти градот како што ретко се сплотува.
Иако веќе скоро сите посегнаа по своите телефони да ги споделат своите слики и видеа од снегот, од редакцијата на Радио МОФ одлучивме да го сториме истото и да споделиме избор на фотографии сликани од нашиот тим, кој тргна од Капиштец и залута во Козле.
Фото: Борјан Гаговски