Силниот ветер кој денеска ја зафати општина Гевгелија предизвика повеќе штети со искршени гранки, дрвја, оштетени билборди, а го откорна и одвеа лимениот кров на Средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“, објави локалниот портал „Гевгелијанет“.
-Појавата на ветер го зафати подрачјето на Гевгелија утрово од 08:30 часот со периодични ударни рафални моменти. Најголема ударна моќ достигна во периодот од 13 до 15 часот. Тогаш, поточно во 13:55 часот беше измерен удар од 21,5 метри во секунда, што одговара на брзина од 78 километри на час, изјавуваат од Метеоролошката станица во Гевгелија.
Покрај новиот кров на гимназијата,вчера ветрот во градот ги однесе покривите на уште неколку објекти и индивидуални куќи.