„Слобода, креативност, младост – тоа е твојата моќ!“, велат од ХераМлади, кои направија герила акција и поставија пораки по повод Меѓународниот ден на младите, 12 август.
Според активистите, целта е да се зголеми свесноста кај младите, потенцирајќи дека нивните идеи, нивната вклученост во општествениот живот е од важност токму за нив самите.
„Со активно вклучување на младите ќе се искористи нивниот потенцијал и капитал, а истовремено ќе се мотивираат да бидат дел од сите процеси кои ги засегаат“, велат од ХераМлади.