Над 40 центиметри снег ги покри песочните дини во гратчето Аин Сефри во Алжир.
Ова е третпат да заврне снег во овој предел во последните 40 години, откако претходно сличен се појави минатата година во декември.
Но, снегот кој заврзна вчера е многу подлабок од претходниот.
Локалците, кои лето живеат на температури од 37 степени, беа воодушевени од пејзажот.
Минатата снежна бура предизвика хаос во градот, така што патници беа заглавени во автобуси, а патиштата беа замрзнати и лизгави. Децата правеа снешковци и можеа да се лизгаат со санки по песочните дини.
Претходно, снег е забележан на 18 февруари 1979 година, кога само половина час врнело снег.
Погледнете дел од атмосферата:
WATCH: Snow reaches the Sahara, the hottest desert in the world https://t.co/pJfF6mVMy3 via @ReutersTV pic.twitter.com/SHTz7fwzkD
— Reuters Top News (@Reuters) January 9, 2018