Д-магијата продолжува и на вториот ден од омилениот фестивал. По одличните хип-хоп настапи на Strajk, LD Pistolero, R.O.N.I.N, диџеј сетот на Галоски и Indira Paganotto, журката вчера се префрли на стејџот на плажа каде можевме да го слушнеме drum and bass сетот на Roni Size.
Вчера снимивме и кратко интервју со Dj Goce за македонската рап сцена кое може да го погледнете во продолжение:
@radiomof Дј Гоце САФ во бегстејџ на Д фест за Радио МОФ #музика #дјгоце #макрап #рап #мкмузика #capcut ♬ original sound – Радио МОФ
Денешниот втор Д-ден започна со рок составот „Беседа“. Комбинацијата на стонер рок, сонце, мокра коса и прашина ги движеше стотината фестивалџии собрани во кампот кои ни открија како си поминуваат.
Попладневните часови д-фестивалџии ги минаа во друштво на ориенталната музика на бендот „Зарина првасевда“. Потоа имавме можност да ги слушнеме младите рапери Visionary records на кои им се придружија КЕМ. По нив се префрливме на Москито каде ги слушавме Харикири чиј ритам изведе луд мошпит меѓу насобраните.
Иако сите го игнорираа намуретното време што се закануваше да стане невреме, неколку минути пред да завршат Харикири ни заврна. Дождот не им го скрати настапот, но ја убрза атмосферата во кампот, па кој по засолниште, кој во шатор или соба полека се расчисти гужвата пред Москито.
Во моментов не врне, а се надеваме и на вечерна програма без дожд. Вечерва на главна сцена ќе ги слушнеме „Dope Kukjata“ кои микрофонот ќе му го препуштат на раперот Smoke Mardeljano. Оваа година ќе ги слушнеме и S.A.R.S, а присутните се возбудени за Xenia која по лудиот сет минатата година на стејџот што беше во црква очекуваме да ни подари уште еден таков за паметење.
Ангела Бошкоска