[Фото] Заврши дебатното пренство за почетници, победник е тимот составен од Ширкова, Јуркова и Стојковски

Во просториите на скопската гимназија „Орце Николов“ викендов се одржуваше годинешното Национално дебатно првенство за почетници, каде од вкупно 50 тимови победата ја освои тимот составен од Леона Ширкова, Ивона Јуркова и Борјан Стојковски.

Второто место го освои тимот на Јована Јаневска и Ана Антовска.

Годинава повторно се избраа и најдобрите говорници на турнирот, меѓу кои Максим Јосевски беше избран за најдобар говорник на турнирот, второто место падна во рацете на Богдан Бањуков, а третото место и припадна на Софија Антова.

„Оваа година, на првенството учествуваа 230 млади од целата држава, од кои 150 средношколци со аргументи и ставови ја бранеа главната теза на целиот турнир, како и на самото финале: ‘Овој Дом би им забранил на сите земји кои кршат човекови права да учествуваат на сите големи меѓународни забавни настани’“, информираат од Младински образовен форум.

Инаку, Национално дебатно првенство за почетници се спроведува во рамки на проектот „Ангажирање на младите за подобрување на наративот за лицата под мандатот на УНХЦР” кој Младински образовен форум го спроведува во партнерство со Канцеларијата на Висок комесаријат на ООН за бегалци УНЦХР.

 

Фото: Младински образовен форум