Фотографот Мет Куере и уметникот Ендру Стил две години патувале и фотографирале различни жени во пејсажите на Нов Зеланд.
Погледнете дел од серијата „Телесен пејзаж“ („BodyLandscap“), дела што ги спојуваат женските тела и пределите на оваа земја.
Сликите се истражување на земјата и телото.
„Фотографиравме 27 извонредни жени од Нов Зеланд во 27 извонредни пејзажи. Нашите дела се стремат да ги покажат и природните убавини на нашата земја и нејзините жени. Сакавме да ги охрабриме доброволците, кои учествуваа преку најинтимната форма на самоизразување, голото тело, да ја раскажат приказната за околината во која живеат“, велат авторите за овој заеднички проект.
Во продолжение, погледнете за што станува збор.