Граѓани од населбата Ѓорче Петров се собираат на протест кај училиштето „Мирче Ацев“ откако дете вечерва настрада во сообраќајна незгода на улицата „Борис Сарафов“.
Детето е пренесено во болница но се уште не се знае каква е неговата здравствена состојба.
Според првичните информации на терен, случајот бил пријавен во 19:15 часот до ЕИК Скопје.
„Возило „Опел астра“ со скопски регистарски ознаки удрило во дете на околу 10-годишна возраст. Веднаш по несреќата, детето е пренесено во Ургентен центар“, велат од МВР за Радио МОФ.
Родителите на учениците од ООУ„ Мирче Ацев“ како и околните жители, подолг период апелираат за поставување на светлосна сигнализација, бидејќи претходно беа полесно повредени уште неколку деца во сообраќајни несреќи на истата улица.
Пред помалку од еден месец друго десетгодишно дете беше прегазено на истата улица.
Полцијата се уште врши увид на несреќата. Оттаму најавуваат повеќе информации утре.