[Фотогалерија] „Клинци“ – книжевно читање на млади

Првото издание од книжевното читање на млади автори – „Клинци“, во организација на „Култура Бета“ и скопската Europe house се одржа на 13 декември.

Присутните имaа можност да се запознаат со поезијата и прозата на четири млади автори и авторки – Ива Петреска, Стефан Спасовски, Ангела Бошкоска и Христијан Мурџески.

Во рамки на настанот беше поставена и изложбата на младата уметница Тамара Блажевска.

„Некои ќе речат, а можеби и ќе викнат, гордо ќе кажат ‘Ништо не прават децава денес…’“ – инспирирани, испровоцирани и поттикнати од ваквите изјави произлезе новиот концепт „Клинци“.

Организаторите планираат да го одржат овој концепт, па најавуваат дека во иднина,  публиката ќе се запознава со четворица млади автори кои го трасираат патот кон книжевната сцена, а на секој настан ќе може да се види и една помала изложба на млад уметник збогатена со музика и филм од локалната сцена.

Фото: Europe House

 

Фото: Europe House

 

Фото: Europe House

 

Фото: Europe House

 

Фото: Europe House

 

Фото: Europe House