Американскиот фотограф Eric Pickersgill ги отстрани смартфоните и дигиталните уреди од секојдневните фотографии. Проектот „Removed” цели да ја покаже зависноста од дигиталната технологија, која не го одминува и самиот фотограф.
Идејата за овој проект тој ја добил во кафуле во Њујорк.
„ Семејство седеше до мене во кафулето во Њујорк, толку оддалечени едни од други“, вели Pickersgill. „Немаше говорење. Таткото и двете ќерки ги имаа извадено своите телефони. Мајката немаше или беше одлучила да го остави настрана. Таа зјапаше кон прозорецот, тажна и сама во друштво на нејзиното најблиско семејство“, додава фотографот.
Тој постигнува надреален ефект во неговите фотографии,со тоа што бара од странци или пријатели да останат на својата позицијата, им ги отстранува нивните мобилни телефони, а потоа ги прави фотографиите.