Фотографија поднесена на „Сони“ – светските награди за фотографија од страна на Светската организација за фотографија, одново ја вжешти дебатата за уметноста направена со помош на вештачка интелигенција.
„Euronews“ пренесува дека германскот фотограф Борис Елдагсен го поднел своето дело „Електричарот“ на уметниничкиот натпревар и ја освоил првата наградата во категоријата за креативна фотографија.
Фотографијата на Елдагсен била создадена со вештачка интелигенција, односно „DALL-E 2“
Наградениот фотограф ја одбил наградата и изјавил дека со пријавувањето сакал да направи поента дека „натпреварите не се подготвени за ВИ дела“, додавајќи дека сликите создадени со вештачка интелигенција не се уметност.
„Учествувањето во отворените повици ме инспирираше да ги алармирам организаторите дека уметноста создадена од вештачка интелигенција се разликува од уметноста создадена од човек, па потребно е да се отворат одделни повици за ВИ дела“, изјавил Елдагсен.
Според фотографот станува збор за два различни ентитети, а тој додал дека делата со вештачка интелигенција не се уметност, па затоа ја одбил наградата.
Фотографијата насловена „Електричарот“ претставува две жени низ сепиа филтер кој потсетува на фотографската естетика од 1940 година.
Сликата е дел од фото-серијалот „псеудомнезија“ односно „лажна меморија“.
Преостанатите учесници упатиле критика поради победата на дело создадено без фотоапарат.
Од Светската фотографската организација досега не објавиле своја реакција.