Фотографии на НАСА покажуваат колку е Земјата променета во последните 70 години

Фотографии направени во периодот помеѓу 1940-тите и 2000-тите години, претежно преземени од датабазата на НАСА, а објавени на Индепендент, покажуваат колку драстично се променила нашата планета. Особено забележливо е намалувањето и исчезнувањето на глечерите, кои во некои случаи ги снемало за само 10-15 години.

Глечерот Муир во Алјаска, фотографиран во август 1941 година (лево) и август 2004 (десно).

nasa-photo-1

Снегот кој преостанал на планината Матерхорн во Швајцарија, во август 1960 (лево) и август 2005 (десно).

nasa-photo-2

Почнувајќи во 1970-тите, НАСА користи сателитски слики за да ја документира сечата на шумтие во неколку национални паркови низ светот. на оваа фотографија е националниот парк Маунт Елгон во Уганда, во 1973 година (лево), во споредба со истиот парк во 2005 година (десно).

nasa-photo-3

Сечата во аргентинската шума Салта е многу забележлива во овој пар фотографии, од 1972 (лево) и 2009 (десно).

nasa-photo-4

Повеќе уништување на шумите е видливо во кениската шума Мау, на фотографиите од јануари 1973 (лево) и декември 2009 (десно).

nasa-photo-5

Слична е состојбата и во националниот парк кај езерото Накуру во Кенија, од 1973 (лево) и 2000 година (десно).

nasa-photo-6

Уништувањето на шумите е многу застапено во јужноамериканската атлантска шума во Парагвај – еве како изгледала во 1973 година (лево), а како во 2008 (десно).

nasa-photo-7

Оваа област во Рондонија, Бразил, била сосечена во периодот меѓу 1975 и 2009 година.

nasa-photo-8

Како и шумата Бабан Рафи во Нигер, од 1976 до 2007.

nasa-photo-9

Овие слики ја покажуваат сечата на шумите на планината Кенија, од 1976 до 2007.

nasa-photo-10

Климатските промени почнаа да ги посериозно да ги уништуваат глечерите во 1970-тите. Ова е фотографија од глечерот Кори Калис во Перу, во 1978 и во 2011 година.

Овие слики го документираат топењето на мразот во Еквадор, од март 1986 до февруари 2007.

nasa-photo-12

Почнувајќи во 1980-тите, НАСА ги документира и езерата кои се намалуваат низ светот, почнувајќи со оваа фотографија од националниот пар Големи песочни дини  во Колорадо во 1987 година. Истиот пар е прикажан во 2011, на сликата од десно.

nasa-photo-13

Аралското Море во централна Азија се намалило драстично меѓу 200 и 2014 година.

nasa-photo-14

Како и резерзерватот за слонови Буте, во Ново Мексико. Овде е прикажан во 1994 и повторно, во 2013.

nasa-photo-15

Реките се намалувале во Аризона и Јута – овие фотографии ги споредуваат во март 1999 и мај 2014.

nasa-photo-16

Аргентинското езеро Мар Чикита значајно се намалило од 1998 до 2011.

nasa-photo-17

Сечата продолжила низ времето, како што покажуваат овие слики од шумата Мабира во Уганда во 2001 и истата област пет години подоцна.

nasa-photo-19

Сушите биле многу застапени и во САД во изминатите години. Ова се три слики од водена површина која се исушила во Канзас, направени во 2010, 2011 и 2012.

nasa-photo-20

Иранското езеро Урмија е претставено на сликата подолу во јули 2000 и повторно во истиот месец, во 2013.