Фотографии од Стефан Лупино во Безистен

 

Фотографии од Стефан Лупино во Безистен

Изложба на фотографии од светски познатиот хрватски фотограф и уметник Стефан Лупино (1952) ќе биде отворена задутре (21 ноември), во 21:00 часот во Галерија 8 – Безистен, во Старата скопска чаршија.

Фотографии од Стефан Лупино во Безистен

Стефан Лупино е артист со извонредно интересна биографија – некогаш врвен каратист, светски првак, потоа модел и студент на угледната академија за глума на Стела Адлер, во 80-те и 90-те години живее и работи во Њујорк, каде ги фотографира ѕвездите во ноќните клубови и добива епитет „крал на ноќниот живот“ во „Големото јаболко“. Со крајот на војната во Хрватска во 1995, го продава целиот свој имот во САД и се враќа во родната земја.

Изложбата во Скопје ја организираат Друштвото на ликовни уметници на Македонија и Галерија 8.