Фотографиите на Ивана Батев за Твитер календарот 2014 денеска ќе бидат изложени во галеријата „Антракт“ во Софија, Бугарија, пренесе Макфакс.
Календарот е продолжение на идејата за општествено ангажиран календар што во 2013 година првпат беше изработен за подигање на јавната свест за ракот на дојка.
Заедницата на луѓе активни на социјалната мрежа Твитер повторно испратија порака за здравјето, овој пат за сексуалното здравје, преку фотографии од актови. Пораките ги состави тимот на организацијата ХЕРА, чиј фокус на работа е сексуалното и репродуктивното здравје и права.
Оваа година фотографиите се направени во стилот на фото блог „Идеи за домот” кој прикажува детали од ентериер и дизајн.