Вселенската сонда на НАСА, „Њу Хорајзонс“ ја фотографираше планетата Земја од далечина од над шест милијарди километри, со што го урна 27 години стариот рекорд на леталото „Воајер 1“, од оддалеченост од 6,06 милијарди километри.
„Њу Хорајзонс“ всушност, според НАСА, двапати го урнал рекордот лани. Тоа се случило на 5 декември, кога вселенското летало било на 6,12 милијарди километри од Земјата, двапати во два часа.
„Њу Хорајзонс“ дневно минува околу 1,1 милион километри, објави МИА.
Во меѓувреме, мисијата продолжува. На 1 јануари 2019 година сондата ќе биде во орбитата на најблиската за нас џуџеста планета 2014 МУ-69, која е на 1,6 милијарди километри растојание од Плутон.
Освен вселенските тела, „Њу Хорајзонс“ го истражува и составот на Вселената, односно на правот и гасовите што се на неговата рута.