Илјадници неверојатни фотографии од целиот свет кои ја претставуваат природата, градовите и луѓето пристигнаа на конкурсот за најдобра фотографија од патување на „National Geographic“ за 2019 година. Сепак, победникот ги покри сите три категории.
Главната награда од 7.500 американски долари му припадна на фотографот Вејмин Чу за воодушевувачка фотографија од зимата на Гренланд. На фотографијата е прикажан рибарскиот град Упернавик, чии куќи обоени во силни бои се покриени со снег и густа магла.
tuttavia “progettare un’immagine, piuttosto che cogliere l’attimo”#cit Denis Curti: la foto di #WeiminChu premio al National Geographic Contest è il contrario della #streetphotography alla Cartier Bresson -e delle instant photo di massa ai tempi dei social https://t.co/5KGmFnFnYf pic.twitter.com/fnzkGSbYWV
— Bruno Zarzaca🎗 (@demodoxalogia) June 14, 2019
Зградите на Гренланд се обоени во различни бои за да ги означат различните функции, од црвените излози на продавниците па се до синообоените рибарски домови, корисна разлика кога пејзажот е покриен со снег. Фотографијата е направена за време на тримесечниот фото проект на авторот.
„Чувството беше повеќе од хармонично. Целата земја беше под снежна покривка, а синкавата боја на самракот го направи местото уште поладно. Сепак, светлината од прозорците, уличните светла и тричленото семејство ја направија сцената да изгледа потопла “, вели Чу.
Годишниот натпревар за фотографии привлече учесници од повеќе од 150 земји. Одлуката на жирито е заснована на креативност, квалитет на фотографија и автентичност на содржината.
Извор: National Geographic