На националната изложба насловена „Жените и фотографијата 2021“ ќе бидат претставени 50 фотографии од женската фотографска фела во државава. Изложбата ќе бидео отворена денес, во 12 часот напладне во НУЦК „Трајко Прокопиев“.
Изложбата е организирана од страна на „Фото клуб“ Куманово.
„Се надеваме дека ќе го задоволиме вкусот и на најпребирливите и ќе бидеме почестени со вашето присуство. Повелете“, велат организаторите.
Формиран во март 2014 година, „Фото клуб“ – Куманово има з0 членови и се смета за еден од најголемите градски клубови.