Околу 150 фотографии од сите седум континенти ќе бидат претставени на 14-то меѓународно биенале на фотографската уметност. Биеналето ќе се отвори во среда (12 ноември) во галеријата Чифте амам во Скопје во организација на Фото Клуб Елема од Скопе.
„Фотомедиа е една од ретките изложби на која се испраќаат готови-испечатени фотографии и која е апсолутно непрофитна и се базира на огромен волотнерски труд и посветеност кон фотографијата на дел од членовите на ФК Елема“, се вели во соопштението од организаторите.
Добитник на овогодинешното гран при е Аугунас Ромуладас од Литванија и традиционално за денот на градот Скопје, наградата ќе ја додели Град Скопје.
Главни покровители на настанот се Министерството за култура и Градот Скопје.